Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените во Законот за земјоделско земјиште кои гарантираат правилна, транспарентна и функционална распределба на државното земјоделско земјиште, изјави Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ.
„Овој Закон создава услови за мотивирање на младите земјоделци до 40 години кои ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина три години од склучување и стапување на сила на договорот. Со Законот се проширува намената за доделување на државното земјоделско земјиште за поставување на пчелни семејства, што беше долгогодишнен проблем на одгледувачите на пчели“, рече Прентовиќ.
Таа вели дека законот обезбедува можност за окрупнување на обработливите површини и до 10 хектари, што е предуслов за зголемен обем на производство на квалитетни и конкурентни земјоделски производи.
Comments are closed for this post.