Голем број од жените фармери се неформално вклучени во земјоделскиот сектор или не е регистрирана нивната дејност поради што здравствното и социјалното осигурување не им е платено. Тоа директно влијае врз квалитетот на нивното живеење, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Според министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој најави нови мерки, предвидени се 180.000 денари неповратни средства за жените што ќе имаат дополнителна дејност во руралните средини. Десет отсто од БДП, рече Николовски, отпаѓа на земјоделството, но во овие само една третина се вклучени жените. Исто така, само 20 отсто од регистрираните задруги се водени од жени претприемачи.
Comments are closed for this post.