Потпишан договор со Светската банка за 70 милиони евра за локални патишта

29.12.2019 / 18:45


Mинистерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Kанцеларијата на Светска банка во  земјава Марко Мантованели, потпишале договор со Светската банка со кој се обезбедуваат 70 милиони евра за рехабилитација, реконструкција и надградба на 450 километри локални патишта во 80 општини во земјава.

– Секој вложен денар во инфраструктурата четирикратно се враќа: се поттикнува транспортот, трговијата, туризмот и воедно се обезбедуваат подобри услови за живот на граѓаните. Преку овој проект ќе се обезбедат средства со кои ќе се подобри локалната инфраструктура низ целата земја. Проектот е дел од четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка во вредност од 420 милиони евра, која опфаќа инвестиции во инфраструктура, проекти за вложување во човечки капитал, фискална одржливост и одржливост на животна средина – посочува министерката за  Ангеловска.

Од министерство за финансии наведуваат дека средствата се обезбедуваат под исклучително поволни услови, со рок на отплата од 15 години и грејс-период од пет години и каматна стапка од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за фиксен распон, со што сега каматната стапка изнесува 0,15 проценти.

Во Министерството за транспорт и врски веќе е формирана проектна единица за спроведување на проектот, до која општините може да доставуваат проекти.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Мицкоски: Регулаторната комисија ќе ги намали акцизите за дизелот од 4 денари за литар, а за бензините 2 денари за литар

пред 1 ден
Економија

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби

пред 3 дена
Економија

Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба

пред 3 дена
Економија

Купувајте злато, тоа е сигурна инвестиција во несигурни времиња

пред 6 дена
Економија

Мицкоски: Преку 30 отсто е реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал, кај транспортот над 50 проценти

пред 1 нед.
Економија

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат

пред 2 недели
Економија

Мицкоски: Ќе поведам регионална иницијатива за здружување инвестиции во енергетиката, која ќе има потенцијал од неколку милијарди евра

пред 2 недели
Економија

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200.000 евра

пред 2 недели
Економија

Mицкоски: Владата следи дали има зголемување на цените на некој од прехранбените производи во супер маркетите

пред 2 недели
Економија

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%

пред 2 недели
gamdomCasibommarsbahis girişMarsbahisJojobet Girişjojobetjojobet giriş