Германскиот производител на спортски автомобили Порше е казнет поради фалсификување на резултатите од емисиите на штетни гасови.

Компанијата што припаѓа на групацијата  Фолксваген беше казнета со 535 милиони евра, а водачите на Порше не се жалеа на одлуката на јавното обвинителство во Штутгарт.

Порше соопшти  дека е утврдено  повреда на надзорните одговорности во одделот за развој на неколку нивоа под Извршниот одбор при тестирање на емисијата на штетни гасови.
Овие прекршувања доведоа до фактот дека возилата на Порше, произведени од 2009 година, не ги исполнуваат еколошките стандарди на Европската унија.

Порше истакна дека тие никогаш не развиле или не произвеле дизел мотори и дека заклучокот од ова е дополнителен чекор кон ставање крај на употребата на дизел.

Минатата година, Порше  престана да ги нуди своите модели со дизел мотори, фокусирани на развојот на бензински мотори и хибридни единици со високи перформанси, како и електрични погони.