Компаниите од секторот за организација на настани денеска во 12 часот ќе одржи протест пред Владата под мотото „ПОМЕН – една година тишина!“ а по повод точно една година од забраната за одржување на јавни настани, заради ковид пандемијата.
Од Асоцијацијата истакнуваат дека нивната дејност навистина е голем губитник од пандемијата.
За жал, ние како дејност немаме никаква помош од страна на нашата држава. Ниту сме препознаени и разбрани како сектор, а без помош и поддршка не е возможно да опстанеме после цела година неработење. Деновиве сме сведоци на зголемен број на заболени, што сериозно не загрижува бидејќи тоа значи дека уште долго нема да можеме да отпочнеме со работа. Како одговорни граѓани и компании, сметаме дека е неумесно да бараме да одржуваме јавни настани при ваква состојба. Ние не правиме тајни настани, не ги прекршуваме законите и прописите и не и создаваме проблеми на пазарната инспекција. Затоа, сметаме дека немаме друг избор освен Владата да изнајде начин и да му помогне на овој сектор. Во последниот пакет мерки Владата објави дека се наменети средства за секторот за организација на настани, но моделот кој го предложи ниту некому му е јасен ниту пак има најава кога би можеле да се надеваме на реализација. Ние понудивме неколку модели за помош, но ниту еден од нив не бил земен пред вид и понуден е целосно нов, нејасен модел без рокови и јасни правила што остава простор за сомнеж во неговата правичност и намена, се наведува во соопштението.
Тие посочуваат дека за жал изведувачките уметности, музиката и јавните настани се вториот најголем губитник од Ковид пандемијата во Европа и светот, според последното истражување на европската агенција EY Consulting, веднаш зад авио транспортот и според истражувањата, закрепнувањето на оваа важна општествена гранка мора да биде сериозно поддржано и помогнато од локалните влади.
Comments are closed for this post.