По градежниот бизнис, Македонската православна црква се вклучува и во бизнисот со струја. МПЦ заедно со уште четворица партнери на 25 ноември основале компанија за производство на електрична енергија, пишува „ИРЛ“.
Како што објавува порталот, освен МПЦ, основачи на компанијата „Друштво за производство на елекрична енергија Хец Драгов дол коо Кичево“ се и Сретен Миладиновски, Александра Аврамовска, Слободан Јовески и фирмата „Мелничко пекарска индустрија Жито Караорман АД Кичево“.
Митрополитот Тимотеј на Дебарско – кичевската епархија за ИРЛ вели дека одлучиле да вложат во изградба на мала хидроцентрала.
Планирано е хидроцентралата да се гради на реката Треска, но идејата се уште е во зародиш. Кај нас често се случува некои работи да се започнат, но не секогаш се завршуваат. Се надевам дека оваа идеја ќе се реализира, вели Митрополитот Тимотеј.
Тој не знаеше дали се веќе поднесени барањата за лиценца за производство на електрична енергија.
„За тоа има посебни луѓе и јас навистина не знам до каде е таа работа“, одговори Митрополитот.
Целиот текст тука.
Comments are closed for this post.