Во јануари, оваа година имало 272 пензионери со пензија над 52.455 денари. 77 пензионери го зеле највисокиот износ од 54.335 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.313 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 40.067 до 54.335 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 894 се со пензија од 41.739 денари.