Се работи за кофинансирани грантови, целокупниот буџет е 2 милиони евра. Начинот на финансирање за новоосновани компании до три години – 40.000 евра односно 90% кофинансирање на проектот, а за компании од 3 до 6 годиниси се работи за кофинасирање од 60.000 евра однсоно 85% од преоктите. „Стартапувај“ е еден од најпопуларните повици на ФИТР, бидејќи се работи за финсисрање на идеи кои се во предкомерцијална фаза и ако го разгледате финансискиот пазар во Македонија ова се идеи кои се најтешки за финансирање од страна на банките, така што очекуваме голем број на идеи. Внесовме новини со цел да биде полесно кофинансирањето. Она што сметам дека е најважно, земајќи ја предвид кризата со ковид -19, средствата се неповратни. Имаме мониторинг систем, ги следиме компаниите како се инвестираат парите, но сакаме во оваа криза да им го олесниме патот на претприемачите и токму поради тоа решивме средствата да бидат неповратни, изјави во Утрински брифинг директорот на ФИТР, Коста Петров.

 

Целиот текст овде.