Ефектите од воведувањето на прогресивниот данок се позитивно, но многу мали, дури и незначителни, вели во интервју за Пресинг ТВ, професорот Марјан Петрески.

Ова го покажала Студијата  за раните ефекти  од  воведувањето на данокот од почетокот на годината до сега.

За пошироките ефекти, односно дали  прогресивниот данок  ќе значи социјална правда или пак ќе има зголемување на сивата економија и  иселување на квалитетните кадри, ќе се анализира на крајот од годината, вели Петрески.

Она на што треба да се стави акцент е расходната страна , односно како  се трошат  парите  собрани од  овој данок… Дали има подобрување на квалитетот на јавните услуги и слично.

Во однос на економските параметри, Петрески вели дека фокусот треба да биде во создавањето на поголеми вредности, односно дека владата треба да стави ексклузивен фокус врз економијата и тоа да биде приоритет во следниот период.