Во гостување во утринската емисија „ Утрински Брифинг“ пратеничката од редовите од ВМРО – ДПМНЕ Ангелина Петкова кажа дека ВМРО – ДПМНЕ ќе го подржи 6 пакет на економски мерки и сите закони кои што се за доброто на граѓаните и компаниите но дека доколку сметаат дека овие мерки се недоволни тогаш како пратеничка група ќе делуваат со свои амандмани за проширување и надополнување за да се задоволат потребите на сите граѓани и стопанственици.
– Секако дека пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ ќе го подржи 6 пакет на мерки и овие закони и овој сет на мерки и сите закони кои што се за доброто на граѓаните и на компаниите и на стопанствениците што побрзо да ја надминат оваа криза предизвикана од Ковид 19. Се разбира дека нашата пратеничка група доколку смета дека овие законски измени се недоволни ќе претендираме со наши амандмани да ги прошириме и да ги надополниме се со цел да се задоволат потребите на сите стопанственици и сите групи на граѓани појасни Петкова.
Дополнително, пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Петкова истакна дека ВМРО – ДПМНЕ смета дека економските мерки се задоцнети и недоволни . Таа потенцираше дека власта не ги прифатила нивните барања за 5 пакет мерки за помошта на стопанствениците да не биде само за месеците февруари и март туку и за април и мај но предлогот и за неповратна помош за компаниите бил одбиен.- Ние како пратеничка група сметаме дека овие мерки се задоцнети исто така можам да кажам дека и за 5 тиот пакет на мерки предложивме помошта за стопанствениците да биде не само за месеците февруари и март туку да биде и за април и за мај. Исто така предложивме да се даде неповратна помош за компаниите, меѓутоа за жал овие амандмани не беа прифатени од страна на власта. Затоа доколку сметаме дека овие законски измени со 6 пакет на мерки се недоволни откако ќе ги разгледаме ќе се координираме и сигурно дека ќе реагираме со амандмани рече Петкова.
Comments are closed for this post.