Карлос Гошн, кој е уапсен во Јапонија, не може да остане на чело на Рено, изјави францускиот министер за финансии, чија влада го има најголемиот удел во Рено.

Гошн, директор на еден од најпознатите марки во автомобилската индустрија во светот, вчера беше уапсен во Јапонија откако партнерот на Рено, Нисан објави дека е поведена истрага по откритијата дека Гошн бил вклучен во незаконски дејствија, меѓу кои и користење пари од компанијата за лични цели и за нецелосно прикажување на неговиот приход за повеќе години.

Нисан планира да го смени од позицијата претседател на компанијата.

Гошн, инаку, е претседател и извршен директор на Рено, претседател на Нисам моторс, како и претседател на Мицубиши моторс, третиот партнер во здружението Рено-Нисан-Мицубиши.

Француската држава е сопственик на 15 проценти од Рено, а Рено, пак, има 43 отсто акции во Нисан.