Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во рамки на работна посета на Дубаи, Обединети Арапски Емирати,одржа работен состанок со министерот за климатски промени и животна средина на Обединетите Арапски Емирати, под чија ингеренција е и секторот земјоделство, dr. Thani bin Ahmed Al Zeyoudi. На средбата од страна на министерот Николовски беа презентирани политиките за справување со климатските промени, поволните услови за инвестирање во македонскиот агросектор како и можноста за извоз на македонските овошја и зеленчукови производи во Дубаи.
Министерот за климатски промени на ОАЕ, на средбата порача, дека стојат на располагање за размена на искуства во делот на нови технологии за модернизација на македонското земјоделство и дека се заинтересирани за инвестиции во Македонија преку кои би ги презентирале најновите технологии. Исто така се отвара можност за идна соработка со македонските домашни фирми преку Еколошкиот економски совет на ОАЕ кој е под директна супервизија на министерот за климатски промени на ОАЕ и каде членуваат огромен број на компании.
Воедно министерот за климатски промени на Обединетите Арапски Емирати, изрази задоволство што Македонија за прв пат ќе учествува на меѓународниот саем за храна „Gulfood“ во Дубаи во 2020 година. Министерот Николовски доби покана на овој саем да присуствува заедно со приватни компании од ОАЕ меѓу кои и „Carrefour“, како можност за презентација на македонските земјоделски производи и нивни извоз во Обединетите Арапски Емирати. Министерот за климатски на промени на ОАЕ најави и негова посета на Македонија, во рамки на која што ќе го разгледа слободното земјоделско земјиште и можноста за инвестиции.
Comments are closed for this post.