Затворање на граници, намален обем на производство и слабите мерки за поддршка и помош од Владата сопствениците се принудени да го намалат бројот на вработени или да ги затворат своите компании во екот на пандемијата. Изминатиот период во Македонија поради корона кризата без работа за 6 месеци останаа околу 40 илјади граѓани. Во изминатиот пероиод покрај останатите сектори се намали и бројот на вработени во индустријата.
Според податоците на Државниот завод за статистика за 4,7 проценти е намален бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ август 2020 година во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година. Само во август 2020 година во споредба со август 2019 бројот на работници бележи пад од 5,1 отсто. Бројот на работниците се намали и во секторот рударство и вадење на камен во август 2020 година во однос на август 2019-та и бележи опаѓање од 0,8 отсто. Опаѓање има дури и во секторот преработувачка индустрија за 5,6 проценти. Во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување на бројот на работници има од 1,5 проценти. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата само во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 1.3 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 6.2 проценти, капитални производи за 6.1 процент, трајни производи за широка потрошувачка за 6.7 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.6 проценти.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година, изнесува 95.3. Наспроти тврдењата на Владата за економска предвидливост и добро справување со последиците од пандемијата и покрај 4 пакет економски мерки за поддршка на економијата статистиките во Македонија покажуваат дека во aвгуст индустриското производство е минус 10 проценти, вработени во индустријата минус 5 проценти, а според Европската стопанска комора, Македонија е помеѓу последните земји во Европа за водење бизнис во 2020 година, но и со највисок пад од 5 места споредено со 2019 година.
Comments are closed for this post.