Инженерот по рударство Осман Челику е добитник на признанието рудар на годината, која по повод Денот на рударите му беше доделена свеченост организирана во комбинатот РЕК „Осломеј“ во Кичево.

Покрај Челику беа наградени најдобрите работници за минатата година во РЕК “Осломеј”, информира директорот на комбинатот Ќерим Халили. Тој додаде дека критериум за избор била пред се посветеноста и дициплината при секојдневното работење.

Затоа мислам дека сосема заслужено наградата замина во рацете на инжинерот по рударство во нашиот комбинат Осман Челику, рече Халили.

Нагрдата на Челику му ја додели генералниот дитектор на ЕЛЕМ Васко Ковачевски, заедно со заменик директорот на ЕЛЕМ Фатмир Лимани. На рударите празникот им го честиташе и градонагалникот на општина Кичево Фатмир Дехари.