Цените на нафтата скокнаа на светските берзи кога САД и Кина постигнаа 90-дневно примирје во трговскиот спор пред состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), кој треба да се одржи неделава.

Американската лесна нафта (WTI) вчера поскапе 2,92 долара за барел, или 5,7 отсто, на 53,85 долари. Подоцна таа имаше благ пад на 53,5 долари за барел. Истовремено, северноморската нафта „брент“ поскапе 3,14 долари, или 5,3 отсто, на 62,6 долара, за подоцна цената да биде 63,15 долари.

И покрај тоа што трендот на движењето на цените води кон поскапување, просекот се уште е под оној од пред две недели. Доколку нема некои драстични скокови, не се исклучува, идниот понеделник, регулаторот цените да ги задржи на ова ниво или пак корекциите да бидат минимални.

Но, доколку нафтата продолжи да поскапува со ова темпо, можно е до крајот на годината до кога има уште две корекции, повторно да дојде до значително зголемување на малопродажните цени.

Во моментов дизелот е 61 денар, а бензините 63 односно 65 денари за еден литар.