На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ утре попладне ќе слета првиот авион на компанијата „Визер“ на новата редовна авионска линија од и кон Виена.
Покрај сезонските, тоа ќе биде третиот директен редовен авионски лет што оперира од охридскиот аеродром, заедно со веќе воспоставените кон Цирих и Базел. Директна авионска линија од Охрид има и кон Лондон, но поради слаб интерес таа е во мирување до 2 април идната година.
Предвидено е на аеродромот првите патници од Виена да ги пречекаат генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој, директорот на Агенцијата за туризам, Љупчо Јаневски, како и градоначалниците на Охрид и на Струга, Јован Стојаноски и Рамиз Мерко.
Comments are closed for this post.