Вицепремиерот Битиќи и директорот на ТИРЗ Деспотовски денеска беа во посета на Гентерм во Прилеп, компанија која инвестираше во земјава во времето на ВМРО ДПМНЕ и во време кога Македонија не беше дел од НАТО алијансата.

Станува збор за технолошки напредна компанија, со  реализирани инвестиции од над 36 милиони евра и со речиси 2200 вработени, со кој се позиционираат во еден од најголемите индивидуални работодавачи во регионот.

При посетата Битиќи истакна дека Владата како никогаш досега водела грижа за странските инвеститори.

„Владата на Република С. Македонија, како никогаш до сега, води грижа за постоечките инвеститори, работи на привлекување на нови инвестиции од странски компании, но и стимулирање на вложувања од страна на домашните компании, се во интерес на побрз и одржлив економски раст, но и подобар живот на граѓаните. Кога станува збор за мерките за поддршка, би сакал да потсетам дека лани обезбедивме рекордна директна поддршка во висина од околу 65 милиони евра, на компаниите кои се во производството и инвестираат во модернизација, технолошки развој, дигитализација и развој на човечкиот потенцијал. Од тие средства 25,6 милиони евра беа одвоени за странски компаниите кои работат во ТИР зоните, или надовор од нив, помеѓу кои е и Гентерм, нагласи Битиќи.

Изјавата на вицепремиетот Битиќи дека „државата како никогаш досега се грижи за странските компании“ е помалку чудна, ако се земат во предвид фактите – а тие се дека во изминатиот период на владеењето на СДСМ, неколку странски компании наместо овде реинвестираа во Србија толку поради негрижата и дрскиот однос од страна на власта.

Компаниите критикуваа за лошата бизнис клима,  за честото менување на законите, како и за недоволна грижа од страна на владините претставници кои се задолжени за нив. Некои од нив дури сведочат дека добиле одговор од одредени претставници на власта дека во земјава има доволно инвестиции, со што не ги земале во обзир проблемите кои ги мачат компаниите.

Па така, неколку компании кои се присутни овде, а решија да инвестираат во соседна Србија, праќаат лош сигнал за состојбата во која се наоѓа државата.