Од наредната недела уште две нови дестинации со Визер

14.03.2019 / 19:20


Од наредната седмица стартуваат првите летови на нововоспоставените директни линии на релација Охрид – Малме и Охрид – Милано, што ќе ги реализира нискобуџетната авиокомпанија „Визер“.

В понеделник на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе слета првиот авион од Малме, додека ден подоцна во вторник ќе биде воиспоставена и директната авионска врска на Охрид со Милано.

Предвидено е летовите на двете линии за време на летната туристичка сезона да се реализират двапати седмично и тоа до 13 септември летовите од охридскиот аеродром до Малме се во понеделник и петок, а од 18 септември во среда и недела, додека летовите за Милано до 30 март ќе бидат во вторник и сабота, а од 1 април во понеделник и петок.

Согласно договорот потпишан меѓу Владата и „Визер“, авиокомпанијата е обврзана од јули да стартува и со реализација на директни летови за Охрид од германските градови Меминген и Дортмунд.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Николоски: Вкупната инвестиција во автопати и експресни патишта на Коридор 8 ќе биде околу 1,5 милијарди евра

пред 2 дена
Економија

Дали вработените во Лукоил Македонија ќе останат без работа?

пред 1 нед.
Економија

Средба на премиерот Мицкоски со потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот и потпишување договор за соработка

пред 1 нед.
Економија

Нов инвестициски циклус во „Костал“ во 2026, ќе се инвестираат 30 милиони евра и ќе бидат отворени дополнителни 200 работни места

пред 1 нед.
Економија

Премиерот Мицкоски во посета на фабриката КОСТАЛ Македонија

пред 1 нед.
Економија

Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра

пред 1 нед.
Економија

Maкедонија има најевтино гориво во регионот

пред 3 недели
Економија

Следат конкретни чекори за реализација на проектите од Договорот со Велика Британија

пред 4 недели
Економија

Што ќе донесе новата инвестиција од 150 милиони долари?

пред 1 месец
Економија

Николоски: Целиот проект за железничка мрежа има смилсла доколку сите државни кои се на линијата на кориродр 10 инвестираат

пред 2 мес.