Од денеска нов ценовен шок за граѓаните. Поскапува речиси се. За владата луксуз е и брашното, џигерот и сладоледот. Со повисока стапка од 10 отсто ќе се даночат сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.

Сител ја објави листата производи за кои власта уверуваше дека ќе бидат само луксузни. Брои над илјада артикли. Меѓу нив и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортињи, нудли. Поскпауваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот.

По нови повисоки цени ќе се продваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, компотите, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините. Маркетите веќе ја добиле листата производи и ги подготвуваат новите цени.