Јавното претпријатие за Државни патишта (ЈПДП) денеска го објави тендерот за првата делница од автопатот Скопје – Блаце. Првиот дел опфаќа должина од два километрa од ГП Блаце до почетокот на селото Блаце.
Како што информираше директорот на ЈПДП Зоран Китанов, тендерот за првите два километрa од новиот автопат е отворен до 4 септември оваа година.
Идниот автопат ќе биде изграден според европски стандарди со две ленти за возење и една за принудно застанување во еден правец, ширината на лентите за возење се по 3,5 метри, односно целосната широчина во еден правец изнесува 10,25 метри, средниот појас е широк четири метри, а брзината за движење ќе биде 100 киломтери на час, истакна Китанов по денешната средба со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.
Додаде дека планирано е да се изградат целосни пропусти, плочасти проипусти, дренажи и сообраќајна сигнализација. На делницата е предвиденa изградба на клучка со село Блаце, како и изградба на два кружни тека. Тој нагласи дека рокот за изградба е 18 месеци, а средствата се обезбедени од ЈПДП.
Вицепремиерот Османи информираше дека за проектот за изградба на автопатот Скопје – ГП Блаце аплицирале до Инвестицискиот фонд за Западен Балкан од кој се добиени еден милион евра со кои заедно со постоечките средства ангажирале американска компанија да направи проект за првата делница и за почеток на изградбата со буџетски средства.
Comments are closed for this post.