Продолжуваат задолжувањата на домашниот пазар.  Наместо за 32 милиони евра,  Владата  денеска се задолжи за нови 45  милиони евра.

“Утре ќе се вратат 1,9 милијарди денари (31,7 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност. Со ова, нето задолжувањето од оваа аукција изнесува 823 милиони денари (13,4 милиони евра).

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2,4 милијарди денари со камата од 0,90% и 3-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 350 милиони денари со камата од 1,10%.“ соопштуваат од Министерството за финансии

Инаку,  економистите постојано  реагираат  за владината пракса – задолжување без при тоа парите да се користат за капитални инвестиции, во услови кога нивната реализација е катастрофална –  за осум месеци  реализирани се само 23% од предвидените капитални инвестиции за цела година. Од друга страна задолжувањата на домашниот пазар се  реализираат на секои две недели.

Пред две седмици, Министерството за финансии се задолжи за околу 57 милиони евра, а само за камати од еврообврзницата која се издаде во јануари треба да се платат 96 милиони евра.

Аналитичарите  препорачуват  дека Владата мора да го намали јавниот долг од 48.8% од БДП кој оддамна надмина 5 милијарди евра.