Заменикот-претседател на Владата задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе одржи прес-конференција за сознанијата и за преземените мерки страна на Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и Државната инспекција за животна средина во врска со наводите објавени за увозот и дистрибуцијата на нафтени деривати, односно мазут.

Ова вечерва го најавија од Владата, во соопштението од седницата на која била усвоена информацијата за преземените активности од страна на овие институции.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за денеска закажа вонредна седница на која ќе бидат донесени соодветни одлуки поврзани со мазутот. Како што соопштуваат од РКЕ, во тек е подготвителен состанок за состојбата со мазутот, на кој утринава присуствуваа и претставници од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ)