СДСМ неодамна ја критикуваше власта дека неколку авио компании ги откажаа летовите до Скопје и оти тоа било резултат на лошите политики со субенционираните компании. Луфт ханза ги откажа летовите од Скопје до Франкфурт а вчера и Кроација ерлајнс најави дека ќе ги редуцира летовите до Македонија и во уште неколку земји од регионот.

Која е причината?
Главната причина со која се соочуваат авио компаниите е недостаток од керозин поради војната во Иран и блокадата на Ормутскиот теснец. По овој премин минува речиси целиот транспорт на горивото за авионите, кое сега се одвива со многу тешкотии. Голем проблем за авио компаниите е чувањето и складирањето на керозинот која мора да биде под специфични услови.

Зошто керозинот не може долго да се чува
Главниот проблем е хемиската деградација.
Оксидација- керозинот реагира со кислородот од воздухот и формира смоли и седимент што го запушува системот.
Микробиолошка контаминација– бактерии и габички растат во горивото, особено ако има вода во резервоарот.
Губиток на адитивите– антиоксидансите и другите хемикалии се распаѓаат со текот на времето.
Кондензација на вода- водата се акумулира и ја забрзува корозијата и бактерискиот раст.







Comments are closed for this post.