Петта недела по ред, расте цената на нафтата на светските берзи, достигнувајќи најголемо ниво од ноември минатата година.
На лондонската берза минатата недела, цената на барелот порасна за 2, 8%, на 70, 34 долари, додека на американските берзи барел поскапе 4, 9% на 60, 08 долари. Откако во првото тромесечје цените скокнаа за околу 30% , вената на нафтата се зголеми и во првата недела од вториот квартал, достигнувајчи највисоко ниво од почетокот на ноември минатата година.
Врз цената на нафтата влијае и намаленото производство на (ОПЕК) и Русија, кои се придржуваат до ланскиот договор за намалување на производството за 1,2 милиони барели дневно.
Цените на нафтата, исто така, се зголемуваат поради санкциите на САД за нафтениот сектор на Иран и Венецуела, што дополнително го ограничува снабдувањето на пазарите.
Понудата на пазарот, исто така, може да се намали поради конфликтот во Либија меѓу меѓународно призната либиска влада и бунтовничките сили.
Comments are closed for this post.