За мерките за поддршка на бизнис секторот да можат не аплицираат и занаетчите. Кризата во овој сектор се чувствува од првиот ден. Без помош од државата поради намалената побарувачка на услугите од пандемијата се доведува во прашање опстојувањето на бизнисите и работните места на 5 800 занаетчии и 3300 други вработени во оваа дејност, апелираше денеска претседателот на Занаетчиската комора на Скопје Никола Петров.
Предлагаат во мерката за субвенционирање на плати да бидат предвидени и занаетчиите, а ослободувањето од аконтација на данок на личен доход додека трае пандмијата да се однесува и за занаетчиите кои паушално плаќаат данок по решение од Управата за јавни приохди и занаетчиите кои плаќаат данок од реално остварен приход се додека трае кризата со панедмијата во занетчискиот сектор. Бараат да се најде можност и занетчиите да аплицираат за кредити преку Развојната банка. Тие кои ќе бидат во самоизолација, пак, да се третираат ако болни, трошокот да биде на товар на Фондот за здраство.
Според Петров, занаетчиите не се опфатени во ниту една мерка донесена од Владата и досега не добиле одговор за предлозите што ги упатиле за помош.
-Мерките кои се предлагаат деновиве, а кои се на разгледување опфаќаат субвенција на минимална плата за вработени, а придонесите остануват на товар на работодавачот. Проблем се јавува кај занаетчиите кои вршат дејност самостојно, самовработени лица, затоа што немаат обврска да ислаќаат плата за себе туку да плаќаат придинес за задолжително пензиско и инвалидксо осигурување, придонес за задолжително здравствено осигурување и дополнителен придонес за задолжително осигурување. Доколку се донесе мерката за субвенција на плата, а обврската за исплата на придонеси додека трае пандемијата падне на товар на работодавачот околу 5 800 занаетчии нема да бидат оппафетни со мерката. Тие нема да бидат субвенционирани ниту со плата, ниту со приоденси, укажа Петров.
Доколку со мерката за субвенционирање на плати не се опфатат занаетчиите за време на кризниот период, предупредува Петров, постои голема можност за затворање на бизнисите и отпуштање на вработените.
-Во мерката за ослободување од аконтација на данок на личен доход предлагаме додека трае пандмијата да бидат опфатени и занаетчии кои паушално плаќаат данок по решение од УЈП и занаетчии кои плаќаат данок од реално остварен приход се додека трае кризата со панедмијата во занетчискиот сектор. Да се најде можност и занетчиите да аплицираат за кредити преку Развојната банка и да останат ликвидни затоа што моментно занаетчиите регистрирани согласно законот за занаетчиство не се предвидено како организациска форма да аплицираат за кредити, рече Петров.
Занаетчиската комора Скопје, потсети, апелираше неколку пати до Владата и надлежните министерства за ситуацијата во секторот, затоа што добиваме многу барања од занаетчии за помош во овие тешки денови.
– Владата мора да изнајде начин со финансиска поддршка да им излезе во пресрет на занаетчиите. Во спротивно, бројот на занаетчии ќе опаѓа, ќе престанат да вршат дејност многу бизниси и во иднина се помал број на лица ќе се регистрираат како занаетчии. Занаетчиството ќе биде на работ на пропаста по оваа криза. Сега е моментот кога Владата треба да му помогне на секторот затоа што без финансиска помош многу бизниси нема да издржат, рече Петров.
Како што нагласи, влијанието на кризата се чувствува од првиот ден. -Човек не влегува во дуќан со месеци. И побарувачката и продажбата на занаетчиските услуги е сведена на минимум. Тоа го чувствуваат занаетчиите од сите дејности: фризери, козметичари, вратари, бравари, градежници столари, цвеќари, пекари, слаткари, леблебеџии, чевлари…
Апелираме до Владата да не изгубиме ниту еден занаетчија и ниту едно работно место во занаетчискиот сектор затоа што секој занаетчија придонесува за намалување на невработеноста и за егзистенција на своето семејство и своите вработени, плаќа даноци, придонеси и е бизнис како и секој друг.Во спротивно, тешко ќе ги вратиме, ќе одлетаат недаке каде што сега после ова многу ќе ги бараат. Ова еднаш ќе заврши, а сите занаетчии ќе си го барат чарето, предупреди Петров.
Comments are closed for this post.