Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање. Предлогот кој вчера наиде на бројни критики од страна на јавноста, за граѓаните да се пензионираат на 67-годишна возраст, не е владина мерка ниту нивна најава.
Портпаролката на Влада, Марија Митева, денес одговори на новинарско прашање како Владата размислува да ја пополни дупката во Фондот за пензинско.
-Во овој момент, тоа што го направивме е усогласување со покачувањето на пензиите од 5000 денари. Имаме активна методологија, имаме закон по кој што се работи. Гледаме како да ги стабилизираме сите состојби, така остануваме посветени на состојбата во Фондот и ќе ги разгледаме сите состојби како да имаме еден стабилен систем. Во овој момент, не се размислува за предлогот на Фискалниот совет, посочи Митева.
Comments are closed for this post.