Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари достигна 5,3 проценти. Народната банка во соопштение наведува дека просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи да се намалува, при што намалување е забележано и кај каматната стапка на кредитите на населението и кај корпоративниот сектор.

Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,59 отсто, додека на домаќинствата 6,03 отсто.

Кај депозитите просечната каматна стапка изнесува 1,42 осто, при што има незначителна нагорна промена во однос на претходниот месец.

Кај каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор во јануари е забележана нагорна месечна промена и таа изнесува 1,72 отсто, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата се задржа на декемвриското ниво од 1,38 отсто