Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до денар и половина по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,6, односно за 1,58 отсто.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува и останува 74 денари, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари и ќе изнесува 72,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари и ќе изнесуваат 66, односно 54,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ, за 0,347 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе чини 34,351 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати, од РКЕ ги посочуваат за 3,61 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,412 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот
Comments are closed for this post.