Во февруари годинава во споредба со истиот месец лани, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 2,3 процент, а реално за 1,9 процент), а во групата Трговија на мало, освен трговија со горива прометот е номинално зголемен за 0,6 проценти, а реално намален за 1,1 процент.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1,1 процент, а реално за 4,1 процент) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 20,1 процент, а реално за 14,6 проценти).
Comments are closed for this post.