Политичарите да ги тргнат партиските интереси и да работат за доброто на бизнисот. Да покажат заедништво и да го изгласаат 5 сет мерки, помош која е неопходна да се спасат работните места, бараат сопствениците. Во спротивно, најавуваат бран отпуштања. Најкритично е во текстилната и кожарската индустрија, каде нарачките од странските партнери се сведени на нула, магацините им се полни со стари залихи, а пари за плати нема.
Таму работат 37.000 лица, ако не стигне помошта државата. ќе биде катастрофа. Од јануари навака веќе нема нарачки, можно е 20% од овие луѓе да останат на улица. Се заканува крах во оваа дејност и големи отпуштања. изјави Ангел Димитов, претседател на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската Комора
Минатата година 3.000 вработени во овој сектор останеле без работа поради ковид кризата. Ако им се приклучат уште 20%, или речиси 7,5 илјади лица, состојбата ќе биде драматична.
Единствен спас е државната помош, во спротивно ќе се случи крах на целата индустрија и ќе следат бран отпуштања. Единствен спас е државната помош, додава Димитров
Затворените пазари во Германија, Италија, и Англија, каде конфекциите најмногу извезуваа, ја зголемуваат неизвесноста и стравот кај бизнисот. Ќе им требаат најмалку уште 6 месеци да се нормализира производството, а за тој период ќе работат со намалена профитабилност и ликвидност. Очекувањата им се дека наредниот период нарачките од странските партнери ќе им се преполоват, а со тоа продажбата ќе им падне до 50%. Инаку текстилната и кожарската индустрија учествуваат со околу 10% во вкупниот извоз од земјава.
Comments are closed for this post.