Од утре 04.09.2019, Фитосанитарната инспекција на терминалот во Кавадарци ќе започне со работа во две смени. Државниот инспекторат за земјоделство, којшто е орган во состав на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, ја донесе оваа одлука како одговор на барањата на бизнис заедницата за овозможување на брз и непречен извоз на земјоделски производи, што во овој период е особено важна за извозот на грозјето.
Согласно одлуката првата смена на инспекцијата ќе биде од 08:00 до 16:00 часот, од 18:00 до 24:00 часот втора смена, а во сабота и недела фитосанитарната инспекција ќе работи од 19:00 до 24:00 часот.
Воведувањето на сменското работење на терминалот Кавадарци е уште еден показател за политиките на МЗШВ во делот на создавање на поволни услови за бизнис заедницата. Со воведувањето на втората смена се очекува надминување на административните бариери со коишто се соочуваат правните субјекти кои извезуваат грозје. Конкретно, ќе се овозможи брз, ефикасен и непречен извоз на горзје, што значи и заштеда во време и пари како бенефит за правните субјекти.
Comments are closed for this post.