Политичката нестабилност во Македонија сериозно го „разниша“ бизнисот и затоа во земјава има се помалку нови странски инвестиции. Од Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, за Алфа велат дека на земјава и фали сериозен пристап до привлекување на странски капитал.

Според претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо, државата мора да го остави популизмот на страна и да се огледа на земјите од регионот кои обезбедуваат далеку подобра бизнис клима за разлика од Македонија.

Државата мора да го остави популизмот на страна и да се огледа на земјите од регионот кои обезбедуваат далеку подобра бизнис клима за разлика од Македонија. Во државата треба да се води сметка како да се применат светските стандарди за да се развие профитабилен бизнис, вели Мизо за Алфа.

Дека состојбата со економската стабилност не чини, алармира и советникот на Стопанската комора, Кристофер Сендерс. Тој вели дека политиката го кочи бизнисот и затоа Македонија нема стратегија за развој на економијата, која наместо да се развива, тапка в место.

Политиката во Македонија сè уште е кочница за развој на бизнисите. Политиката ја нарушува визијата и стратегијата за иднината на државата. Вистинскиот потенцијал на земјата не се остварува. Не постои стратегија за развој на индустријата, образованието, вели Кристофер Сандерс, специјален советник на претседателот на Стопанска комора на Македонија и главен оперативен директор и извршен потпретседател на „Костал“.

Сандерс порачува дека како држава мора да имаме визија и стратегија и да знаеме каде ќе ја примениме таа стратегија.

За жал, политиката ги нарушува тие аспекти. Вистинскиот потенцијал на земјата не се остварува. Не постои стратегија за развој на индустријата, образованието…Нема нови планови, нови визии. Како очекувате една компанија да инвестира во држава на која единствена аспирација ѝ е да стане членка на Европската Унија. Многу луѓе ја напуштија земјата, нема работници. Нема фокус за да се надминат овие проблеми. Немањето на работна сила е голем ризик за инвеститорите да дојдат и да инвестираат во Македонија, изјави Сандерс во своето обраќање на тема „Глобалните геополитички случувања – предизвик за интернационализација на бизнисот и следење на новите трендови во индустријата“.

Во последниве пет години во Македонија речиси и да нема политика за нови странски инвестиции, а уште помалку за грижа на веќе постоечките инвеститори.  Недостасува стратегија за нивно привлекување. Но и покрај ваквата состојба, слушаме најава за нови концепти, политики и како и недостаток од квалитетен кадар.

Во првите три месеци од годинава вкупните странски директни инвестиции во земјава изнесувале 126,5 милиони евра, а во споредба со истиот период лани, регистрирано е намалување за дури 10,4 милиони евра, поради лошото менаџирање со странскиот капитал.