Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи го договорот со „Бектел и Енка“ смета дека ќе биде пречекорен бидејќи најрано кога ќе може да се видат багери и лопати е септември годинава. Според доворорот кој власта го крие автопатите ќе се градат пет буџетски години.
-Минимум десет години ќе се градат. Никој не е против градење, треба да се гради но не на ваков начин-истакна Мицкоски.
Мицкоски објасни дека доколку се донесе одлука за раскинување на договорот тој ќе оди на меѓународна арбитража. Тој смета дека ќе биде поголема штета доколку коридорите не се изградат отколку да се раскине договорот.
Лидерот на опозцијата откри дека ваков договор бил нуден уште во 1999 година но никој не бил подготвен да го прифати.
Comments are closed for this post.