Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во интервуто за „Република“ откри дека има само една причина зошто се одолговлекува носењето на мерките за помош на граѓаните-а тоа е дека нема пари во буџетот.
Многу пати не обвинуваат нас дека нешто кочиме.Но, кога ќе дојдат крупни мерки каде што треба од буџетот да се изгласаат дополнителни средства тогаш секој може да сфати дека во буџетот нема пари и затоа се обидуваат да ги пролонгираат сите мерки.Навистина нема пари во буџетот за сите мерки.Ние ги молиме како опозиција да се закаже седница за овие мерки.Не може сериозна држава каде инфлацијата стигна до 20 посто да не можат да обезбедат уште 40 денари за студентите.Ако сакаме силно општество мора да се најдат пари за овие млади луѓе бидејќи тие се оние кои утре треба да ја водат државата.Во спротивно ќе си заминат бидејќи се разочарани.Сите овие мерки се колку да се спомне пред народот и многу малку луѓе ќе ги почустуваат.Буџетите што СДСМ ги предлага се најголеми во историјата а нема средства ниту за пензионерите, ниту за поголеми плати за работниците.
Comments are closed for this post.