Се поголем е бројот на богати њујорчани кои одлучуваат  да ги спакуваат  куферите  и да го заменат „Големото Јаболко“ со сончевиот  Мајами, пишува „Business Insider“.

Не само тие, туку и богатите луѓе од другите  држави со високи стапки на данок,  како што се Њу Џерси, Калифорнија и Илиноис, се преселуваат во Флорида, со цел  да ги искористат бенефитите на државата која не ги одданочува примањата.

Новинарката на Бизнис Инсајдер помина три дена во Мајами за да провери што точно, освен даночниот рај, ги привлекува богати луѓе во Мајами.

Открила ексклузивни острови, раскошни вили сместени покрај морето, како и пенхауси вредни вртоглави 48 милиони долари, а поминала време и на островот Фишер, еден од најпопуларните дестинации за богатите Њујорчани, која воедно е и најабогата локација во САД со просечни годишни примања од 2,2 милиони долари.

Трамповата ревизија на даночниот систем од 2017 година посебно ги погоди сопствениците на богати куќи во државите со и онака високи даноци како што се Њујорк и Калифорнија.

Голема заштеда 

Според новиот закон, Њујорчани кои заработуваат 10 милиони долари годишно и имаат   недвижност со истата сума, ќе заштеди 1, 2 милиони долари на данок ако се пресели во Флорида.

Освен заштеда на име на данок, луксузните недвижности во Мајами  доаѓаат со многу поголема станбена површина, луксузни базени на отворено и местоположба до плажа . Сето тоа во Њујорк е тешко.

Пентхаус во Мајами Бич по цена од 48 милиони долари нуди повеќе од 1000 квадрати на три спрата и тераса од 185 квадрати и приватен базен . Од друга страна 58, 5 милиони долари вреден апартман во Њујорк има 580 квадрати, на само еден спрат и тоа не е на врвот од зградата . Иако е повеќе од 10 милиони долари поскап нема приватна тераса .

Луксузни недвижности

И на двете места станува збор за луксузни недвижности, но како што пишува Бизнис Инсајдер, причината е што за помалку пари во Мајами ќе добиеме многу поголем простор за разлика од Њујорк . Дополнително иако во Њујорк има плажи, во Мајами се по достапни , а и температурата на морето е повисока.

Мајами се чини дека е уточиште за богаташите, иако многу научници предупредуваат дека поради високите  климатски промени и зголемувањето на нивото на морето, тој град за 80 години може да биде делумно под вода и ќе биде невозможно да се живее.

Елитата не размислува однапред

Сепак елитата не размислува толку однапред, затоа што луксузните домови се продаваат без проблем, а агентите за недвижности објаснуваат дека луѓето не се премногу загрижени за иднината

Моите клиенти не носат одлука  на основа за тоа што би можело да се случи за 100 или повеќе години, изјави Џина Голдентајер, извршна директорка  на агенција за продажба на луксузни недвижности за Бизнис Инсајдер и додаде дека милијардерите сакаат едноставно да уживаат во своето богатство со своите семејства и луксузни домови.