РЕК БИТОЛА повторно работи со половина БЛОК, да повториме половина БЛОК, не половина капацитет.
Исклучени се БЛОК 2 и БЛОК 3!!!
БЛОК 1 работи со половина снага, со додавање на огромна количина на мазут. На тој начин РЕК ја загадува околината, за што Македонија веќе има негативни поени од Енергетската заедница во Виена. Вашите „шампионски“ политики веќе почнаа да ви се удираат од глава!
Ова соопштение не е за да глумиме загриженост или политички да поентираме, туку да побараме одговорност од раководството на РЕК Битола. Од истото тоа неспособно раководство кое не кажа ништо на јавноста за хаваријата на БЛОК 2 пред повеќе од месец дена.
Чија е одговорноста за оваа хаварија?
Која фирма го правеше капиталниот ремонт?
Дали сега истата фирма повторно прави ремонт и како е тоа договорено? Дали во четири очи, како што милува да работи СДСM?
Се обраќаме до цела јавност во име на сите вработени во РЕК Битола, како и сите загрижени граѓани за ситуацијата во комбинатот.
Последен „успех“ на раководството на РЕК Битола е што најголемиот багер за ископ на јаглен во рудникот „Суводол“ по вторпат во оваа грејна сезона е надвор од функција поради нестручност на раководниот кадар.
Багерот „КУ-300“ кој после само две недели работење после санација на претходно оштетување, пак е оштетен.
Штетата е направена затоа што багерот се носи да копа во распукани блокови јаглен, кои се слизнуват. Со тоа се загрозува безбедноста на работниците и на багерот.
Резултат на оваа нестручност е нанесување на големи трошоци на комбинатот. Во рудникот Суводол не се копа квалитетен јаглен, па мора се употребува мазут. На тој начин се загадува воздухот и се поскапува производството на електрична енергија.
Спиралата која ја создаде раководството на РЕК Битола, самонаречените „шампионите“ во енергетиката, нема крај.
Не очекуваме искрен одговор од лица кои со лаги дошле на власт. Исто така свесни сме дека НЕМА напредок со вакви кадри во енергетиката.
Но, ви ветуваме дека ќе се соочите со политичка, професионална и материјална одговорност за сите испади и штети кои му ги нанесувате на столбот на енергетиката во Македонија – комбинатот РЕК БИТОЛА. За сите дефекти, за намаленото производство на електрична енергија откако постои комбинатот и за сите тендери во четири очи, простување нема да има!
Држава без здрава енергетика, нема ни здрава економија.
Затоа ќе понесете одговорност пред целата македонска јавност!
Овој пат простување нема!

На новинарско прашање дека од Битола пациенти се жалат дека нема реагенси за испитување на де-димери, каква е состојбата со справувањето со корона во Битола, Милевки рече:

Здравството е во тотален колапс, како во Македонија, така и во Битола. Состојбата во Битола се опишува со еден збор – ХАОС. Состојбата со растот на ширењето на заразата од КОВИД е алармантна во Битола. А, цела Македонија ги виде состојбите во битолската болница, ги виде нехуманите услови, ја виде фотографијата каде пациент прима терапија легнат до два човечки леша, но ништо не е променето. Модуларната болница, и по половина година се уште не е во функција, пациенти сега чекаат со денови за испитување на де-димери, затоа што замислете нема реагенси! А, тие резултати им се неопходни што побрзо да ги добијат за да се почне со навремена терапија. Ова е се, само не здравство, ова е се само не и грижа на режимот за здравјето! Венко Филипче и одговорните во Битола мора под итно да заминат.