Во однос на изградбата на автопатот Миладиновци – Штип и обвинувањата упатени на сметка на претходната власт дека тој не е довршен поради пропусти на трасата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека тоа воопшто не е точно.
Во интервјуто за битоласката телевизија Тера тој наведе:
„Грешките беа изговор, за да се постигне двојно поголема цена. А процентот се знае, изнесува од 5 до 15%, а се знае и каде се врши исплатата, во еден ресторан во југоисточна Македонија. Тоа е вистината, а сето останато се демагогии и празни реторики“, рече Мицкоски.
Од СДСМ реагираат на изјавата на Мицкоски. Од таму ваквите тврдења ги коментираат како измислици.
„Мицкоски не може да се помири со успесите на Владата предводена од СДСМ, знае дека не може да понуди ништо што е од интерес на граѓаните и затоа останува целосно посветен на лажните вести и лагите. Мицкоски, да не е многу со лагите? Да не се претера со лажните вести?“, стои во реакцијата од Бихаќка.
Comments are closed for this post.