Навистина не можам да разберам наместо да се занимаваме со она што е најважно, а тоа е справување со пандемијата и борабата за животите на нашите граѓани, ние се занимаме со споредни работи кои никој од нас не ги бара. Ова е коментарот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за најавата на Народната банка дека се изработуваат банкоти со новото име.
Па дури и да го читаме оној договор оваа работа не се бара од нас бидејќи тоа може да се направи во следните пет години откако ќе се отвори поглавјето 17 за економија и монетарна политика. Наместо да се занимаваат и да носат уредби кои се поврзани со пандемијата и што е можно повеќе животи да бидат спасени и тие што се во првите линии да ги мотивираме ние носиме уредби што апсолутно не се потребни
Comments are closed for this post.