Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хритијан Мицкоски на денешната прес-конференција кажа дека партијата ќе се обврза да донесе две милијарди евра за инвестиции во патишта, значителна финансиска инекција за градежниот сектор. За еден мандат, Мицкоски се обврза дека ќе биде заменет целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава.

Се обврзуваме за обнова која ќе донесе нов асфалт за регионални патишта во државата. Да нема неасфалтиран регионален пат, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе го замениме целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека за еден мандат инвестиција од минимум две милијарди евра ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор.

Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.