Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на „Фејсбук“ ги сподели неговите податоци и анализа како се ограбува Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ (денешно ЕСМ), кои ви ги споделуваме во целост:
ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 6 до 12 август од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1750 MWh.
Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 254,7/MWh!
За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 310,37 €/MWh или по денови:
6/Август 281 €/MWh
7/Август 207 €/MWh
8/Август 312 €/MWh
9/Август 317 €/MWh
10/Август 304 €/MWh
11/Август 337 €/MWh
12/Август 414 €/MWh
Разликата во цена е:
1750 MWh x (310,37-254,7)€ = 97.422,5€
Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 35 часа се оштетени за околу 6.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови.
Comments are closed for this post.