Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното интервју на „Република“и „Пресинг ТВ“ истакна дека е добро што ММФ и Светска банка ќе ја контролираат власта како ги трошат парите што ги земаат како заем.

Откако ја донесоа државата во бездна и ја доведоа во прашање ликвидноста на државата и редовната исплата на плати, пензии, обврски кон стопанството сега се обраќаат до единствените институции кои стојат на располагање а тоа се ММФ и Светска банка. Добро е од таму што позајмуваат бидејќи бидејќи ќе има зголемен мониторниг на трошењето.