Поранешниот пратеник Спиро Мавровски во емисијата „Заспиј ако може“ на Алфа телевизија, нагласи дека се случува хаварија, огромна катастрофа во Македонија, вработените од РЕК Битола го гледаат крајот на овој гигант, а директорот тоа го најави ноншалантно.

Во последните еве четири години поминаа откако дојде новата власт, тендерот за РЕК Битола беше веќе завршен, беа дефинирани кој, што, како, но се поништи. И еве после четири години нема ниту една градежна машина дојдена во РЕК Битола. А, тоа само укажува за една неодговорност, за една суета, истакна Мавровски.

Мавровски додаде дека Македонија се соочува со недостаток на ресурси, РЕК Битола е се за државата.

Проблемите во РЕК Битола, дел од раководството ги гледа ноншалантно. Едноставно мислам дека и немаат решенија, а ниту пак побарале решенија, рече Мавровски.

Мавровски посочи дека со ова темпо и доцнење на носење на решенија за РЕК Битола може да допринесе да го снема за 10-тини години. Поради лошото управување со РЕК Битола носи до тоа се помалку да произведува електрична енергија, ама поскапо да чини. Ова носи до крах на електростопанство. Васко Ковачевски нема да направи ништо добро за РЕК Битола, и не знае да направи.

Значи се е она со „ЌЕ“. Значи, јас бев во политиката и кога ќе сакаш да кажеш кај некој дека не сакаш да го лажеш, ќе кажеш „ЌЕ“ го направиме ова, „ЌЕ“ го направиме она, се ќе биде, ама не знаеме кога. Значи „ЌЕ“ е идно незавршено време. Е, тука тој го има тој проблем.Човекот оди од кај политиката, и од политика станува политички инжинер прво, па после станува и политички директор, се враќа од пратеник за да биде директор во РЕК Битола и после тоа заминува во ЕЛЕМ. Значи не знам таква кариера, значи имало директори во ЕСМ кои биле политички но секако нивниот избор на луѓето околу нив барем во тој дел би требало да бидат технички оспособени луѓе кои што го знаат и РЕК Битола како главен стожер на електростопанство на Македонија. Но, човекот не знам, дали едноставно провоцира, дали едноставно не ги разбира работите, на мене и едното и другото ми се гледа во ситуацијава, појасни Мавровски.