Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски придржуван од градоначалникот на општина Центар Саша Богданович, директорот на АМС Дарко Каевски и претседателот на ОО СДСМ Чучер Сандево, Александар Ушковсли, присуствуваа на маалска средба со ѓраѓаните на Чучер Сандево.
На средбата се разговараше за политиките кои носат економски раст, напредок, подобар живот и повеќе пари кај граѓаните.
– Тука сме со вас, до вас, го слушаме вашиот глас и делуваме. СДСМ како одговорна партија спроведува реформи и вистински економски политики кои ја движат економијата напред а парите фи враќаат парите кај граѓаните. Потврда за тоа се и последните податоци, во втор квартал имаме раст на БДП од 3.2 проценти а намалување на невработеноата на 17.5 проценти. Дополнително, ги намалуваме трошоците на граѓаните, преку укинување на радиодифузната такса, воведување на евтина тарифа на струја, намалување на трошоците за извршители и нотари и воведувањето на опомена пред казна, а од друга страна растат минималната и просечната плата и се повеќе пари ќе завршуваат во семејните буџети на граѓаните – посочи Манчевски