Производството и продажбата на пиво изминатите десет години бележи негативен тренд, а најголеми причини за тоа се: зголемената акциза од 2013 година,  воведувањето лиценци за продажба на алкохол во 2008 година, како и временото ограничување на продажбата што до скоро беше во сила. Да се подобри состојбата од Стопанската комора бараат да се намали  акцизата на пивото

 “Доколку акцизата се врати на три денари за литар алкохолен степен, цената на пивото ќе биде подостапна, а потрошувачката ќе се врати на 680.000 хектолитри, велат од  Стопанската Комората на Р. М

 

Македонија има најмала потрошувачка на пиво во цела Европа. Од 33 литри по жител во 2008 година, сега и во последните четири до пет години е сведена на 28 литри . За споредба,  потрошувачката на пиво во Бугарија и Романија е 75 литри по жител, во Хрватска над 81 литар, а во Чешка која држи рекорд, 140 литри. Акцизата, пак, за разлика од македонската која достигнува 32,5 евра во моментов, во Романија е 8,6 евра, во Германија 9,44, во Чешка 14,69 евра, а во Хрватска 25,89.

Пеева – Ѓуриќ предупреди и дека следната година се очекува поскапување на пивото за најмалку 5 отсто во светски рамки поради сушната година и раст на трошоците.

Во Македонија по воведувањето на лиценците за продажба на алкохол во 2008 година, над 5.500 помали трговски објекти од вкупно регистрираните 13.000 се откажале од оваа дејност со што драстично се намалил вкупниот промет во трговијата на мало.