Во трговијата на мало, во септември годинава во споредба со септември минатата година,  статистиката евидентира зголемен промет во групите: „трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ за 8,6  проценти, „трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво  за 6,1  процент) и во „трговија на мало, освен трговија со горива” за 7,8  проценти.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во групата „трговија на мало со автомобилски горива“ прометот номинално е зголемен за 16,6  проценти, а реално е намален за 1,3  проценти.л