Управата за јавни приходи, како институција е подготвена за примената на новиот прогресивен данок, истакна при денешната посета директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Се очекува да се изгласа и новиот Закон за личен доход, по што ќе почне и примената на новиот прогресивен данок, а ќе бидат опфатени оние лица, кои земаат плата од над 90.000 денари. Таа забележува дека се уште не знаат колкав е бројот на даночните обврзници, кои ќе бидат опфатени со прогресивниот данок.

Се уште ги правиме анализите, така да би знаеле што ќе стартуваме и сакаме евиденциите да ги средиме, имаме размена на податоци со многу други институции се со цел тоа прогресивно оданочување да го спроведеме најзаконски и најверодостојно, вели Лукаревска.

Инаку, во тек е електронското пријавување од страна на даночните обврзници. Нема казна за оние кои нема да се регистрираат.

За она физичко лице, кое нема да се регистрира во нашиот систем согласно новата даночна реформа не постои казна. Меѓутоа даночното затајување е казниво по закон. Така да секој оној кој ќе сака да ги скрие своите дополнителни приходи, значи и дека прави даночно затајување, рече Лукаревска.