На официјалната страница на Јавни набавки објавен е оглас од страна на Царинска управа во кој Царинска управа ќе набавува прехрамбени продукти, пијалаци, кисела вода во износ од над 500.000 денари.

Имено, власта во повеќе наврати ветуваше дека ќе нема непотребни трошење се со цел државата да не се задолжува дополнително, но повторно се потврди дека тоа не е случај. Досега во јавноста излегоа огромен број на скандали за непродуктивни трошоци кои ги прават токму министерствата и институциите.

Ова не е прв пат институциите  и министерства да трошат пари за луксузирање и несовесно и  недомаќински да се однесувааат со средставата кои ги имаат на располагање. Експертската јавност вели дека ваквото несовесно однесување  со парите на граѓаните не остава добар впечаток ниту кај граѓаните ниту во јавноста.

Познавачите  велат дека непродуктивните трошења на министерствата се недозволиви во време на економска криза и на енормни задолжувања. Критичарите коментираат дека власта и оние кои ги водат институциите воопшто не се однесуваат сериозно и одговорно со парите на граѓаните.