Рускиот воен напад на Украина денеска предизвика паника на светските пазари и доведе до пад на берзите, како и раст на цените на нафтата и гасот, додека руската Централна банка мораше да интервенира поради намалената вредност на рубљата, јави Бета.
Европските берзи доживеаја колапс по отварањето. Европскиот референтен индекс падна за 3.48 отсто. Индексот на Московската берза падна за над 30 проценти.
Руската валута, рубљата, го достигна минимумот во однос на доларот. Руската Централна банка интервенираше на девизниот пазар, со цел да ја „стабилизира ситуацијата“.
Цената на нафтата „скокна“ на повеќе од 100 долари за барел, за првпат по седум години.
Comments are closed for this post.