Премиерот Ковачевски за Би би си истакна дека Македонија започна многу инфраструктурни проекти, за да постигне диверзификација во снабдувањето со енергенси, особено со гас, со градење нови интерконектори, нови гасоводи, што водат од југ кон север, а не како нашиот, од исток кон запад.– Има земји кои целосно зависат од рускиот гас, има земји кои делумно зависат од рускиот гас и има земји кои воопшто не зависат од него. Ние сме земја којашто е целосно зависна од рускиот гас и тоа е наназад со години, поради состојбата со економијата, поради односите во минатото. И во текот на оваа криза, секогаш постојат можности за промена, за подобрување и затоа започнавме со инфраструктурни проекти за диверзификација на изворите на снабдување со енергенси, појасни премиерот Ковачевски