Уште еден податок покажува дека по години стагнација и уназадување, економијата е стабилизирана, расте и се разввива, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
ФДИ Интеленџенс, сервисот на Фајненшел тајмс, објави дека во периодот од јуни 2018 до мај 2019 во Република Северна Македонија регистрирани се 184,4 милиони долари странски гринфилд инвестиции.Тоа е раст од 200 отсто споредено со минатата 2017 година“, потенцираше Костадинов.
Костадинов вели дека за две години, вработени се околу 50 илјади граѓани, од кои 48 илјади во реалниот сектор.
Со вистински економски политики создаваме реална економија со долгорочна стабилност, ориентирана и кон приватниот сектор. Освен растот на гринфилд инвестициите и вработувањето, имаме раст и на извозот. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во првите пет месеци од годинава, извозот е зголемен за 14,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година“, вели Костадинов.
Довербата во економијата е вратена, се реализираат нови инвестиции, расте индустриското производство, невработеноста опаѓа, додаде тој.
Comments are closed for this post.